Синоќа околу 01,30 часот по полноќ, во Струга на ул.„Иса Пелар“ каде било паркирано ПМВ „Форд Мондео“ со охридски регистерски ознаки сопственост на П.Т.(57) од Струга од засега непознати причини избувнал пожар во возилото, при што истото целосно изгорело.
Од страна на противпожарната единица – Струга пожарот бил локализиран. Увид на местото на насатанот извршила увидна екипа од полициската Струга.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.