По повод празникот посветен на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, великиот ревнител за вистинската вера, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Симиџиески, еромонасите Доситеј и Макариј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.
Пред многубројниот верен народ, кој речеиси без исклучок пристапи кон светиот Путир, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните чеда.