Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.12.2015 издадени се потврди на вкупно 3.532 странски државјани, од кои 1.427 се од машки пол, 778 се од женски, 1.313 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14 дете кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.541, Ирак-1.096 и Авганистан–895.
Во периодот од 19.06.2015 до 19.12.2015 годинадо 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 353.883 странски државјани, од кои, 194.936 се од машки пол, 58.513 се од женски, 82.422 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.012 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-200.702 потоа Авганистан-86.586, Ирак-45.154, Иран-6.231,Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барањеза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 19.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистани Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.