По втор пат Новогодишен базар во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти

Втора година по ред Основното училиште „Живко Чинго“-Велгошти во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ организира Новогодишен базар, на кој ќе бидат изложени за продажба голем број на новогодишни украси и колачи.

„Од вредните раце на нашите ученици под раководство на нивните наставници и помош од родителите излегоа бројни украси, елки, честитки, икебани и други вредни подароци кои беа изложени во Спортската сала „Тодор Александров“, а ги купуваа бројните гости кои беа присутни на ова манифестација.“– информираат од училиштето.

Собраните парични средства ќе се искористат за набавка на потребни нагледни средства за учениците од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти.

WebOhrid