Над 116 куќи се уништени во пожар во крајбрежниот регион на југот од Австралија, поради што илјадници лица ги напуштија своите домови за време на божиќните празници.
Во прекин е и сообраќајот на главниот крајбрежен автопат во австралиската сојузна држава Викторија.
За среќа, во пожарите нема жртви, но причинета е значителна материјална штета.
Шумските пожари во Австралија се честа појава во лето.