Градоначалникот Никола Бакрачески, денска во Гинеколошкото одделение на Општата болница во Охрид, на првото новороденче во 2016 година и на неговата мајка Маја Гичевска од Ресен им подари чек во вредност од 10.000 денари, мече и цвеќе.Ги благослови да бидат среќни, здрави, живи, весели, бериќетни и да им се множи семејството.
„Со радост ја примивме веста за првото новороденче во 2016 година. На машкото дете и мајката им посакав многу здравје, среќа и бериќет,со надеж дека оваа година ќе имаме зголемен број на новороденчиња кои ќе бидат дел од нашата иднина. Локалната самоуправа продолжува со активностите за стимулирање на нарталитетот и поддршка на семејствата на новороденчињата која ја започна пред две години. Досега на сите новороденчиња родени во охридската болница им помагавме со еднократна парична помош, а планираме со ваквите активности да ги помагаме и дечињата кои се од Охрид, а се родиле во други болници и да го зголемиме износот на еднократната парична помош. Со ваквите и други стимулативни мерки, сакаме и сум уверен дека ќе придонесеме за зголемување на нарталитетот во општина Охрид“– рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Мајката на првото новороденче во 2016 година рече дека се чуствува прекрасно и дека е среќна што има своја рожба и тоа чувство сака да го имаат и многу други мајки. Таа се заблагодари на тимот на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид и на вниманието и подароците од градоначалникот Никола Бакрачески.
„Среќни сме што утринава на нашето одделение , утрово во 9 часот, на спонтан и природен пат се породи Маја Гичевска. Таа роди машко дете, тешко 3,55 килограми со должина од 52 сантиметри.Породувањето помина во најобар ред и мајката и детето се во одлична состојба. Горди сме што нашето одделение е технички и кадровски опремено и придонесува за зголемување на бројот на породувањата“- изјави гинекологот Др. Охридија Филева.
Во текот на изминатата година во Гинелолошкото одделение при Општата болница во Охрид се родиле 596 деца, што е за 20 повеќе во споредба со 2014 година.