Вчера утрото околу 05.25 часот Х.К.(23) од Струга, со нејзината другарка Ј.Т.(34) откако се враќале од угостителски објект во село Добри Дол каде што биле вработени, на ул.„Илинденска“ во Гостивар до такси возилото со кое се превезувале се доближило ПМВ„БМВ“ со словенечки регистерски ознаки, во кое се наоѓале неколку лица и почнале да им дофрлуваат и недолично да се однесуваат.
По ова таксито продолжило и застанало на ул.„18-ти Ноември“, но и БМВ-то продолжило да ги следи и застанало повторно до нив. Потоа од истото излегле три лица од кои едното наводно држело пиштол во раката (подоцна е утврдено дека се работи за пиштол-запалка), додека другото лице ја отворило вратата и се обидело да и го одземе паричникот на Х.K. Но не успеало во намерата, па насилно ја извадило од возилото и го одзело мобилниот телефон, по што ја турнало, а Х.K. паднала на тротоар и се повредила.
Лицата со возилото побегнале од местото на настанот, случајот е пријавен во ПС Гостивар и подоцна на ул.„Илинденска“ во Тетово возилото е лоцирано, запрено и биле приведени четири лица од с.Добридол на возраст од 18,23 и 24 години. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.