Ново намалување на цените на горивата

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,27% или за 1,15 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,12% или 6,45 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,37% или за околу 4,838 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,96 %.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,80 %.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.12.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 31,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.12.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 42,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 28.12.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,324 ден/кг.