Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2015 година изнесува 41 793, а бројот на ноќевањата изнесува 94 736.
Бројот на туристите во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, е зголемен за 14.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16.5%.
Бројот на домашните туристи во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, е зголемен за 18.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.2%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, е зголемен за 26.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8.8%.
Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4%, а кај странските има зголемување за 13.9%.
Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2%, а кај странските има зголемување за 12.3%.