МВР вчера издало потврди на 1.208 мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 23.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.208 странски државјани, од кои 505 се од машки пол, 244 се од женски и 459 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-605, Авганистан – 443 и Ирак – 160.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 23.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 39.043 странски државјани, од кои 16.484 се од машки пол, 8.359 се од женски и 14.099 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-19.321, Авганистан-12.729 и Ирак-6.990.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 23.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 23.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.