Врз основа на Законот за Царинска управа и Упатството за мерење на успешноста на стоковите и граничните царински испостави, директорот на Царинската управа секои шест месеци донесува одлука за избор на најдобри цариници и најдобра гранична и внатрешна царинска испостава.
За периодот јули-декември 2015 година, најуспешни царински службеници се Кире Витанов од царинска испостава Гевгелија и Биљана Наковска од царинска испостава Табановце автопат– отсек за патнички промет. Изборот на најуспешни царински службеници е извршен врз основа на критериумите: број на обработени документи и резултати од откривачките дејности.
За најдобра гранична царинска испостава избрана е царинската испостава Табановце-автопат, отсек за патнички промет. Второрангирана гранична испостава е Богородица – отсек за патнички промет, додека на трето место е царинскаиспостава Аеродром Скопје. Изборот на најуспешна гранична испостава е извршен врз основа критериумите: број на обработени царински декларации, откриени прекршочни и кривични дела, откриени случаи на нелегално пренесување на опојни дроги и психотропни супстанци, прекурзори, опасни материи, девизи и пари.
За најдобра внатрешна царинска испостава за втората половина од минатата година, избрана е царинската испостава Скопје 2. Второ и треторангирана внатрешна царинска испостава е царинска испостава Гевгелија и царинска испостава Куманово. Критериумите за избор на најуспешна внатрешна испостава се број на обработени царински декларации, наплатени давачки по основ на царина, ДДВ, акцизи и надоместоци, утврдени неправилности по извршени контроли, откриени прекршочни и кривични дела поврзани со нафтени деривати, опојни дроги и психотропни супстанци, прекурзори и опасни материи.