МВР ќе работи и ќе придонесува во создавањето на силен и ефективен корпус на човековите права, како камен темелник на политиката на секоја демократска земја и на ЕУ, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната промоција на петмесечниот проект „Поддршка за воспоставување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата“.
Целта на проектот, финансиран од Советот на Европа и Министерството за надворешни работи на кралството Холандија, е да обезбеди поддршка на националните власти во процесот на воспоставување независен и ефикасен надворешен механизам за контрола на работата на полицијата.
Овој проект, нагласи Спасовски, е многу потребен за да можеме, како што рече, да ги отстраниме сите аномалии од една страна и да ја вратиме довербата во институцијата која треба да биде столбот на безбедноста на Република Македонија.
Постоењето на независен и ефикасен систем за жалби, според министерот Спасовски, несомнено ќе претставуваат коректив на работата на полицијата и ќе влијаат на зголемување на ефикасноста и одговорноста на полициската служба. притоа нема да дозволат ниту еден функционер во рами на МВР
„Можноста за независно и ефикасно решавање на жалбите насочени против полициската работа и постапување е можност плус за зајакнување на довербата на јавноста во полицијата и треба да гарантира дека никој нема да биде заштитен при евентуално несоодветно или незаконско постапување, особено не оние кои се најповикани да застанат во одбрана на правата безбедноста и сигурноста на граѓаните“, рече министерот Спасовски.
За амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп треба да се истакне дека за да се постигне вистинска отчетност и одржливост е потребно системско, а не ад хок решение. Тој изрази надеж дека овој проект ќе придонесе кон тоа Македонија да развие јасна визија за тоа каков тип механизам најдобро се вклопува во македонската правна рамка.
Според Тања Ракушиќ – Хаџиќ, раководител на Одделението за кривично-правна соработка на Генерален директорат за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа, во тековниот систем има проблеми со ефективноста на истрагите кои се спроведуваат.
„Измените во законодавството и институционалната поставеност, не можат многу да постигнат без јасна политичка одлука и порака која ќе биде испратена до сите полициски сили дека ќе има нула толеранција за полициски злоупотреби“, рече меѓу другото Ракушиќ – Хаџиќ,
Се очекува како резултат на проектот да се идентификува најсоодветниот модел на независен механизам за контрола на работрата на полицијата.