Во текот на вчерашното деноноќие издадени се потврди на вкупно 931 странски државјани, од кои 395 се од машки пол, 212 се од женски и 324 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. А, пак до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–351, Сирија-297 и Ирак-283 .
Инаку со вчерашните бројки од почетокот на годинава до денес издадени се потврди на вкупно 53.434 странски државјани, од кои 22.127 се од машки пол, 11.526 се од женски и 19.679 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Притоа за посочениот временски период до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-26.490, Авганистан-16.894 и Ирак-10.047.