Синоќа во 01,45 часот во Полициската станица Струга Д.У.(40) од Струга пријавил предизвикување општа опасност извршено од страна на непознат сторител.
Имено, околу 01,40 часот сторителот предизвикал пожар со фрлање на запалива течност пред вратата на домот на Д.У. при што пожарот се проширил и во внатрешниот дел. Од страна на присутните во домот пожарот е изгаснат при што мајката на Д.У., М.У. се здобила со изгореници во десната нога. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.