Македонски железници Транспорт денеска пушти во редовен сообраќај нов електромоторен патнички воз, првиот од шесте нови патнички возoви што ги набави од кинеската компанија ЦРРЦ.
Новиот воз пуштен во редовен сообраќај Новиот воз сообраќа на линиите Велес-Скопје и Скопје-Велес, како и Скопје-Табановце и Табановце – Скопје.
Возот е со капацитет за 200 патници, со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети…Изработен е согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ.
Од кинеската компанија МЖ набави два електромоторни и четири возови на дизел погон од кои првиот се очекува да пристигне во текот на неделава, потврди директорот на МЖ Транспорт Никола Костов.
Инвестицијата во обновата на возниот парк на Железницата изнесува 25 милиони евра, обезбеди преку Европската банка за обнова и развој. Претходно како дел од проектот беа набавени нови 150 товарни вагони, инвестиција од 13 милиони евра. Со новите шест возови ќе бидат покриени околу 60 проценти од линиите во патничкиот сообраќај.