Во селото Љубаништа, денес, градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ започна со уредување на плоштадот кој се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето на паднатите борци.
Предвидено е просторот партерно да се уреди со поставување на околу 220 м2 бехатон плочки, коловозни ивичници, парковски ивичници и потпорни ѕидови. Плоштадот, дополнително, хортикултурно ќе биде оплеменет, ќе се постави фонтана и шест клупи.
Активностите за уредување на плоштадот се очекуваа да завршат до крајот на наредната недела.