Денес, во ОУ „Григор Прличев“ учениците од VI, VII и VIII одделение имаа одлична можност да го слушнат предавањето за Охридското Езеро. Предавачите Дејан Пановски, Радован Димитриевски и Трајче Талевски, ги едуцираа учениците за рибниот фонд, животната средина и вредностите на Охридското Езеро.
„Предавањето беше проследено од учениците со големо внимание и интерес. А доколку се тргне од фактот дека нашето езеро е едно од најстарите, најсочуваните и најчистите езера во светот, тогаш сме должни и да придонесеме такво и да остане. Беа претставени ендемските видови, како и вредностите на езерото како туристичка дестинација.“- информираат од училиштето.
Учениците добија и брошури за да се поттикнат дополнително да истражуваат и да го запознаат ова наше огромно богатство.