Акција за расчистување во населба Гоце Делчев

По налог на комунална инспекција вчера екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец” ја исчистија  депонијата создадена од околните куќи во населбата Гоце Делчев (под бараките).

„Ангажирани беа 4ца работници при што беше собран 1 трактор отпад.“– велат од претпријатието.

FotorCreated1-3

Од претпријатието, со апел до околното население, отпадот да го депонираат на местата наменети за истиот.

Овие акции се спроведуваат со цел подигнување на еколошката свест кај населението.

DSCN2400