Се расчистува градскиот кеј

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани на расчистување на кејот на потегот од градското пристаниште, се до хотел „Милениум”.

FotorCreated-3

„Се расчистуваа наноси на сува трска и комунален отпад донесени од невремето со засилен јужен ветар при што беа ангажирани 8 работници за метење и товарење, каде што беа подигнати 3 трактори на отпад.“- велат од претпријатието.

FotorCreated1-3

image-1c89551dfee31a844a674bc5be55224190b74b4452aa35134fde7e8c7756e3aa-V