Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 06.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 375 странски државјани, од кои 115 од машки и 91 од женски пол, како и на 168 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште едно дете кои патува без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, потврди се издадени на 334 државјанин на Сирија и 41 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 06.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.491 странски државјани, од кои 35.347 се од машки пол, 19.584 се од женски и 34.334 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.611, Авганистан-26.546 и Ирак-18.331.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 06.03.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 06.03.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.