Вчера потврди издадени на 132 странски државјани од Сирија и Ирак

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 07.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 132 странски државјани, од кои 34 од машки и 33 од женски пол, како и на 65 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 126 државјанин на Сирија и 6 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 07.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 07.03.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 07.03.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.