Светскиот ден на бубрезите е глобална кампања за подигнување на свеста за важноста на бубрезите, а се одбележува секоја година за да се создаде свест за превентивно однесување, свест за факторите на ризик, како и свест за тоа како да се живее со болест на бубрезите.
Целта на Светскиот ден на бубрезите е да се подигне свеста за важноста на бубрезите за нашето севкупно здравје и да се намали зачестеноста и влијанието на болестите на бубрезите и нивните поврзани здравствени проблеми ширум светот.
Бубрезите, исто како срцето и белите дробови, се еден од најважните органи од човечкото тело. Тие ја прочистуваат крвта преку остранување на вишокот на материи произведени преку нормалните функции на телото. Со тоа се остранува се што не му е потребно на телото. Покрај водата, бубрезите ги регулираат и минералите и другите соединенија, одржувајќи нормална содржина на телесните течности. Оваа функција е многу важна за овозможување на телото да работи соодветно и да бидеме здрави.
WebOhrid