Хуманитарна акција „Готвачите и хуманоста“ во маркет „Тамаро 6“ Охрид

Овој вторник, на 22ри март, со почеток во 11:00 часот, „Гастромак“ и „Тамаро“ маркетите, поддржани од националната Алфа телевизија, како и од проектот „Вкусот на традицијата“ на Адријана Алачки ќе одржат хуманитарна акција „Готвачите и хуманоста“ во маркет „Тамаро 6“, кој се наоѓа на улицата „7 ноември“ во Охрид, во состав на фабриката „Братство“.

„Популарната Алачки и уште двајца врвни кувари ќе готват вкусни специјалитети на посебно подготвена сцена, а целата акција ќе биде искористена и во хуманитарни цели за уште еднаш ќе подадеме рака за оние на кои им е најпотребна.

Бидете со нас во вторник преку целиот ден. Ќе има многу забава, дружење и музика, сето тоа залиено со убаво вино и секако највкусна храна, а како и секогаш, ќе имаме и хуманитарен дел од акцијата.“- порачуваат од „Тамаро“.

WebOhrid