Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот: „Изградба на автопат А2, делница Требеништа -Струга “, во вкупна должина од околу 8км во општина Дебрца и истата е достапна за увид.
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на автопат А2, делница Требеништа -Струга со вкупна Должина од околу 8 км во општина Дебрца ќе се одржи на 23 март 2016 година (среда), во зградата на оппштина Дебрца, с.Белчишта, со почеток во 12.00 часот.
Се повикуваат сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.