Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се ранети во двете експлозии што утринава одекнаа на бриселскиот аеродром „Завентем“, јавува „Раша тудеј“.
На сликите што се шират на социјалните мрежи се гледа густ чад како се издигнува од една од аеродромските згради.
Европските лидери ги осудија терористичките напади во Брисел, а изјави на сочувство и на поддршка до белгискиот народ стигнуваат од сите страни.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „неговите мисли се со народот на Белгија“ и го осуди „варварскиот напад во Брисел“.
Во осуда на терористичкиот напад во Белград се вклучи и Австрија. Канцеларот Вернер Фарјман и вицеканцеларот Рајнхлд Митерленер ги осудија нападите во Брисел, оценувајќи дека се кукавички и варварски чин.
„Нападите на цивилното население во центарот на Европа се за секоја осуда“, се вели во реакцијата на австриската влада, која се солидаризира со белгискиот народ.
Европа, како што се истакнува во соопштението, мора единствено да се бори против тероризмот и за сочувување на демократските вредности.
Сочувство со блиските на жртвите, на твитер-профилот изрази и европскиот комесар Јоханес Хан. Тој напиша: „Терористички напад во срцето на Европа. Моите мисли се со жртвите и со нивните сакани. Да останеме силни, бестрашни и доследни на нашите вредности“.
Извор: meta.mk