Вработените во судската администрација од денеска стапуваат во тридневен штрајк, поради, како што велат, незадоволството од примањата и од лошите услови за работа.
Организаторите од Синдикатот на управата и правосудните органи (УПОЗ), како и здруженијата на граѓани и на судска администрација велат дека на денот на штрајкот, судовите делумно ќе функционираат, додека случаите за итна постапка и притвор нормално ќе работат.
Според најавите, тие еден час од своето работно време ќе го поминат седејќи во ходникот, а последниот ден од планираниот тридневен штрајк ќе го поминат пред три институции, Влада, Министерство за правда и пред Собранието.