На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите околиски (општински) организации, на 26 март 1945 година е формирана организацијата на Црвен крст Охрид. 71 година илјадници имени и безимени хуманисти, волонтери, членови и активисти, вработени во Црвен крст Охрид, поддржувачи, помагачи, донатори, секој на свој начин, oставале и секојдневно оставаат неизбришлива трага, печат, белег во делувањето, развојот и растежот на оваа организација.
Во нивна чест, а во рамки на одбележувањето на 26 март, роденденот на општинската организација, Црвен крст Охрид, денес во 11:00 часот ќе биде отворена изложба на фотографии и изданија кои го прикажуваат историјатот, формирањето, растежот и развојот на Црвениот крст на Македонија и Црвен крст Охрид.
Изложбата ќе биде отворена од денес до недела( 27-ми март).