Утре во 12:00 часот во Големата сала на Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи основачко собрание на Сојузот на волонтери – акцијаши на Македонија, на кое соосновачи се здруженијата „Брег на младоста„ – Охрид, „Акцијаши„ – Скопје и „Кумановски акцијаши„ – Куманово.
„Некогашните акцијаши кои вложија дел од себе во изградбата на капитални објекти за нашата земја, почнувајќи од хидро електраните Маврово, разрушеното Скопје, Автопатот, Стрежево, Плачковица, Мариово, Охрид… Сега заедно со младите желни да направат нешто за својата земја и својата иднина, ќе се здружат заедно да направат спој на искуство и младоста со „свои проекти кои ќе допринесат за поубава Македонија.“- велат од Акацијашкиот клуб „Брег на младоста“.