ОУ „Кочо Рацин“ домаќин на Регионалниот натпревар по биологија

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид вчера беше домаќин на третиот Регионален натпревар по биологија. Натпреварите по биологија се во организација на Друштвото на биолози на Република Македонија. Оваа година натпреварот за нашиот регион се одржуваше во два подрегиони, а во Охрид се натпреваруваа ученици од сите основни училишта од општината и ученици од општината Дебрца. Учествуваа вкупно 172 ученици: 64 од шесто, 48 од седмо, 45 од осмо и 15 ученици од деветто одделение.

OUKocoRacinBiologija1

Според прелиминарните резултати, најголем број на освоени бодови имаа учениците: Петар Алчески, ОУ „Св. Климент Охридски“ (шесто одделение), Евгенија Пулеска, ОУ „Живко Чинго“ (седмо одделение), Јасмина Митре, ОУ „Христо Узунов“ (осмо одделение) и Јана Вељаноска, ОУ „Христо Узунов“ (девето одделение).

OUKocoRacinBiologija2

Конечните резултати од натпреварот и списокот на ученици кои ќе учествуваат на државниот натпревар по биологија ќе бидат објавени на интернет страницата на Друштвото на биолози.