Во Основното училиште „Христо Узунов“, Охрид денес се одржа едукативно предавање на тема Превенција од пороци под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“.
„Реализацијата на овој проект е со заедничка соработка при Секторот за внатрешни работи- отсек за превенција при СВР Охрид и Локалната самаоуправа- Сектор за образование. “– вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.
Основна цел е подигнување на свеста кај децата за опасностите од пороците (цигари,алкохол и дрога) по нивното здравје, но и по општата безбедност во заедницата.
WebOhrid