Се средува дворот на ОУ „Христо Узунов“

Денес во дворот на ОУ „Христо Узунов“ со заедничка акција на ЈП „Охридски Комуналец“ и техничката служба на училиштето, се средуваше училишниот двор.

„Всушност се кастреа дрвјата со поголеми гранки кои претставуваа опасност по учениците од кршење при силен ветер и поголеми врнежи од снег. Исто така целосно беше среден и дрворедот во школскиот двор.“ – вели директорот Тони Симоновски.

WebOhrid