На 07.04.2016 година (четврток) во просториите на Универзитетот Св. Апостол Павле- Охрид, со почеток во 17 часот ќе се одржи бесплатна работилница на тема генерирање на бизнис идеи во рамките на Наградата за социјално претприемништво 2016. На работилницата младите и студентите ќе имаат можност подлабоко да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво. Младите примарно ќе ги идентификуваат проблемите во својата локална заедница, а потоа и ќе дадат идејни решенија за истите. Работилницата ќе биде под водство на Марија Матовска, координаторка на Наградата за социјално претприемништво Македонија и Андријана Тасевска, организациски развој, UNNIX, Скопје.
Oва е можност за сите оние кои имаат некаква идеја за социјален бизнис да ја дооформат истата и да почнат со осмислување на својот бизис модел и бизнис план. Истовремено, оваа работилница е поттик и покана за сите оние кои не размислувале до сега во насока на социјалните иновации , да започнат да го прават тоа.
Местата се ограничени. Резервирајте го вашето место на следниот линк: https://www.eventbrite.com/e/idea-generation-workshop-in-ohrid-social-impact-award-2016-tickets-23161077406