Ученик од ОУ „Кочо Рацин“ освои трето место на Ликовен конкурс во Бугарија

Третооделенецот Филип Ставрески од ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид освои трето место на ликовниот конкурс од галеријата „Гала АРТ“ од Стара Загора, Бугарија, кој беше отворен од 10-ти јануари до 29-ти февруари годинава.

12525523_913866822060693_6320885133992712177_o

Како што информираат од училиштето, од организаторите Филип освен диполома, добил и комплет сликарски материјали.

12672114_913866582060717_7827753574304613111_o

На овој конкурс учествуваа и ученичките Анабела Стефаноска и Стефанија Алачкоска од ОУ „Кочо Рацин“ кои добија благодарници за одлично претставување.

12719448_913866378727404_5162089125949481982_o

Основците на конкурсот учествувале под менторство на наставничката Виолета Петковска.

12909579_913866715394037_1367233765990370494_o