Младинците на РК Охрид 2013 забележаа нова победа во Машката ракометна младинска лига. Овој пат, во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид тие славеа со 41:34 против младинците на РК Прилеп.
„По оваа победа, но и гледано на натпреварите од пролетниот дел, како играчи и како тим покажавме дека не сме за потсмев. Се надеваме дека на наредните натпревари ќе играме уште подобро и дека сите играчи ќе го дадат својот максимум.“ – изјави највозрасниот играч на младинците на РК Охрид, Дарко Левески.
WebOhrid