Ученик од ОУ „Живко Чинго“ се пласира за Државен натпревар по географија

Под организација на Македонското Географско Друшто на Република Македонија, денес во просториите на ОУ „Христо Узунов“ Охрид се одржа Регионалниот натпревар по Географија.

Ученикот од деветто одделение Димитар Балески од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои второто место по ранг листа на натпреварот. Неговото достигнување е постигнато под менторство на наставникот по географија м – р Живко Богојески.

Со постигнатото ученикот се пласира на државен натпревар по географија на 6-ти мај.

„Честитки за ученикот кој го освои второто место на натпреварот по географија. Му посакувам многу успех на Државниот натпревар. Упатувам честитки и до менторот.“– вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, Ѓоко Чингоски.

WebOhrid