Обраќање на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев
„Демократскиот фронт за иднината на Македонија се шири. Денеска, СДСМ и калициските партии ја потпишаа Платформата за демократска Македонија за враќање на слободата и демократија.
Со оваа Платформа за демократска Македонија се обврзуваме заедно и бескомпромисно да делуваме во одбрана на правдата, вистината, иднината!
Платформата за демократска Македонија ги содржи демократските начела и принцпипи во коишто веруваме и од коишто нема да отстапиме се до нивното исполнување. Затоа што станува збор за иднината на Македонија.
Слободата и демократијата се темели на секое здраво општество и предуслов за нормален живот.
Целото наше општество се наоѓа во заложништво на криминалната банда на власт и можеме да го ослободиме само доколку заедно и цврсто застанеме зад овие демократски начела и принципи:
Изборите мора да бидат регуларни, фер и демократски!
Во Македонија ќе се одржат регуларни, фер и демократски избори откако ќе се надминат клучните проблеми преку прочистување на избирачкиот список, спроведување на реформа на медиумите и прекинување на притисоците и заплашувањата врз гласачите.
Медиумите мора да бидат слободни и објективни!
Медиумите се столб на секое слободно општество и гласноговорници на демократијата. Заробените медиуми во Македонија може да се ослободат само преки реформи коишто ќе обезбедат професионално, избалансирано и независно работење на медиумите. Реформи за враќање на улогата на МРТВ како јавен сервис за транспарентно финансирање на медиумите. Реформи за заштита и поддршка на новинарите во професионалното извршување на работата.
Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна!
Криминалот и коруцпијата го киднапираа системот, ги заробија државните институции и им донесоа несигурност и сиромаштија на граѓаните. За вистинска и безкомпромисна борба против корупцијата и криминалот потребно е:
Целосна поддршка на работата на независната институција СЈО. Департизирана полиција во служба на граѓаните. Независна агенција за борба против корупцијата. Силно граѓанско општество како гласен борец против злоупотребите.
Институциите мора да бидат независни!
Ослободувањето на државните институции е клучен предуслов за “демонтирање“ на криминалниот систем кој ја зароби држава. Отпочнувањето на овој процес директно зависи од: Департизација и деполитизација на државните институции. Независно судство. Владеење на правото и правичноста. Професионална полиција во служба на граѓаните.
Ова се начелата во кои веруваме и нема да отстапиме од нивното исполнување.
Во името на овие принципи на демократска Македонија ги повикуваме сите граѓанки и граѓани, сите граѓански организации и политички партии да не учествуваат на нелегитимните избори кои авторитарниот режим сака да ги одржи на 5-ти јуни 2016 година.
Или Груевски или Македонија.
Заедно стоиме на страната на Македонија.“- рече Заев.