ПС- Струга поднесе кривична пријава против Н.Г. (47) и С.Г. (55), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Првопријавениот како инвеститор на локација во Струга, на м.в. „Висока Топола“, без одобрение за градење, започнал градба на деловен објект. Од страна на градежен инспектор донесено е решение за отстранување на објектот.
Второпријавениот како инвеститор на локација во Струга, м.в. „Висока Топола“ започнал со реконструкција на деловен објект без одобрение.
Од страна на градежен инспектор донесено е решение за отстранување на градбата – реконструкција на деловниот објект.