По повод Денот на дрвото, денес учениците од Основното училиште „Григор Прличев“, Охрид, на одделенските часови се вклучија во одбележувањето преку акцијата „Садница плус“.
„Целта на оваа ација беше секој ученик да засади семе и на тој начин, без да се попречува воспитно -образовниот процес, учениците да се вклучат.
Засадувањето беше интересно и поучно за учениците, а посебен интерес покажаа најмладите.“- велат од училиштето.