Проектот кој во саботата го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за ангажирање земјоделски советници ќе има повеќекратен бенефит, сметаат земјоделците. Според нив, овој чекор води кон осовременување на земјоделството во Македонија, што најверојатно ќе придонесе за поголемо и поквалитетно производство, и само така ние може да бидеме поконкурентни на пазарот.
Имаме еден нов проект, кој еве сега за првпат ќе го споменам, се работи за проект со кој што сакаме да им помогнеме на земјоделците да добијат советници, земјодлески советници е насловот на проектот. Ќе бидат на база слична на матичните лекари, ќе бидат плаќани од државата по капитација, односно по глава на жител-земјоделец, односно колку има привлечено змејоделци да им биде советник, толку соодветно ќе биде платен и ќе бидат добро платени, ќе има голем интерес за таа професија, но тие ќе бидат должни неколку пати во годината да го посетуваат земјоделецот, да му даваат најдобри стручни совети, совети кои се базирани на најновите научни истражувања во делот на земјоделито во светот, рече Груевски.
Тој нагласи дека тие освен што ќе треба да имаат завршено факултет, ќе треба да полагаат и специјален испит за да добијат лиценца за оваа работа која ќе има одреден рок на трење.
Да речеме 6-7 години, потоа ќе треба да ја обноват со ново полагање. За да сме сигурни дека ги следат најновите, најсовремени змејоделски практики, ќе треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик за да следат странски медиуми каде што се објавуваат најновите научни истражувања во земјоделието за да можат да ги разгледат и да им ги соопштат, рече Груевски.
Исто така, Груевски нагласи дека советниците ќе имаат обврска да ги посетуваат земјоделците на нива, да ја испитуваат земјата, да им дадат совет за нивниот плод и ќе имаат обврска да напишат што ги советувале, каков совет им дале, и потоа да ги видат резултатите.
Земјоделството, како сектор за производство на храна, е од посебен јавен интерес и е под постојано набљудување од страна на носителите на политики, медиумите и корисниците. Исправено пред предизвикот да ги задоволи потребите за храна, на ефикасен и ефективен начин, со најмало негативно влијание врз животната средина и човековото здравје, земјоделството е бизнис кој се соочува со сериозни прашања што влијаат на неговата атрактивност, конкурентност и одржливост.
Овие фактори, но и влијанијата на земјоделството, како сектор за производство на храна, е од посебен јавен интерес и е под постојано набљудување од страна на носителите на политики, медиумите и корисниците. Исправено пред предизвикот да ги задоволи потребите за храна, на ефикасен и ефективен начин, со најмало негативно влијание врз животната средина и човековото здравје, земјоделството е бизнис кој се соочува со сериозни прашања што влијаат на неговата атрактивност, конкурентност и одржливост. Овие фактори, но и влијанијата на техничко-технолошкиот развој и примената на информатичко-комуникациската опрема во процесот на планирање, производство и пласман, влијаат врз унапредувањето на работата во секторот.
Земјоделецот како поединец, земјоделско стопанство или агробизнис се првенствено фокусирани на производство на квалитетен производ. Сепак, производството е само една алка од синџирот, односно истото треба да биде засновано на реални пазарни потреби, за да може успешно и по добра цена да се пласира на пазарот.
За да се задоволат сите овие предизвици, но и да се искористи квалитетниот и образован кадар кој може да се стави во функција на земјоделците, предложена е мерката „матичен земјоделски советник“, со што ќе се катализираат заложбите на оваа Влада за унапредување на земјоделството во конкурентен агробизнис. Имено, располагајќи со природни производни предности, кои се соодветно стимулирани и поддржани преку мерките на програмите за поддршка на земјоделството и руралниот развој, и јакнејќи го квалитетот и достапноста на советодавните служби за земјоделците, ќе се задоволат сите предуслови за македонсиот агробизнис да ја одржи и унапреди својата конкурентност.
Квалитетните и лиценцирани советодавните служби, што ќе им бидат достапни на земјоделците и кои ќе можат сами да ги одберат, ќе имаат за задача да го поддржат земјоделецот да ги примени во пракса позитивните научни искуства и добри земјоделски практики, преку кои ќе може да го унапреди своето производство. Искусни земјоделски советници, ќе ги поддржат производителите во целокупниот животен циклус на производство и продажба, односно од планирање до пласман, притоа обезбедувајќи информации за движењата и потребите на пазарот, за производните технологии, за методите на водење на евиденција, со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста во производството, како и за други прашања.
Со воведувањето на оваа можност, земјоделските производители ќе може да добиваат релеватни и точни информации, за различни потреби, од стручни лица што покриваат различни области на експертиза, како што се маркетинг на земјоделски производи, здравје и безбедност на производите, подготовка на студии, истражувања и бизнис планови, но и повратни информации за достигнувања на науката и пракси во земјоделството, што може да бидат лесно прилагодени во работните процеси на земјоделското стопанство.
Советодавните пакети на услуги може да бидат различно сегментирани, зависно од експертизата на советникот, но и од потребите на корисникот на услугата. Најчесто се поделени во три категории, односно:
Совети што се однесуваат на подобрување на производните процеси, со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста при производство и добивање на здрав и безбеден производ, при што производните пракси имаат минимален негативен ефект врз животната средина;
Совети кои се однесуваат на подобрување на бизнис праксите, односно совети во делот на маркетинг (диференцијација на прозиводот, од аспект на амбалажа, цена, место на продажба, потреби и побарувања на купувачи и сл.), водење на евиденција на трошоци, воспоставување на сметководство на фарма и други советодавни услуги, преку кои би се подобрила конкурентноста на земјоделските стопанства и производители;
Совети кои се однесуваат на воведување на техничко-технолошки и информациско-комуникациски средства за работа, кои би ја подобриле работата на земјоделското стопанство, преку намалување на трошоците за работна рака, зголемување на ефикасноста и трошоците за производство, подобрување на видливоста на земјоделското стопанство и производство, но и согледување на информации и искуства од други земји, преку користење на социјалните мрежи и интернетот. Всушност, за третиот пакет на совети, може да се каже дека е алатка преку која би се реализирале во пракса, претходните два пакети на услуги за земјоделци.
Со воведување на квалитетна и достапна советодавна служба се постигнуваат следните позитивни ефекти:
Подобра прилагоденост и запознаеност на земјоделските производители со правните можности и обврски;
Прилагодување на земјоделското производство кон барањата за заштита на животната средина, со што ќе се зачува биодиверзитетот и ќе се овозможи производство на здрава и безбедна храна;
Намалени трошоци за земјоделско производство;
Поефективни инвестиции на земјоделските стопанства, кои се базирани информации за прилагодување на земјоделското производство кон барањата и потребите на крајните потрошувачи.