Изминативе денови екипите на Паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на привршување на кружниот тек на пресекот кај булеварот „Туристичка” со ул. „Абаз Емин” со полнење на земја и припремање за хортикултурно уредување, информираат од претпријатието.
Додаваат дека се уреди и улицата „Ариф Мустафа” каде се засадија зимзелени растенија и трева.