Денес во ОУ „Братство Единство“ од Охрид, во партнерство со Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид успешно се реализира второто коло од училишните игри без граници. На овој спортски настан, кој се одржа во училишната спортска сала во ОУ „Братство Единство“, учествуваа повеќе екипи со мултиетнички состав. Настанот го посетија директорот на училиштето, Муамер Доко, дел од наставниците, родителите и учениците од училиштето „Братство Единство“.
Учениците од ОУ „Братство Единство“, низ игра се забавуваа, меѓусебно се дружеа и се натпреваруваа во различни спортски активности.
Реализирањето на денешните спортски активности во весела и пријатна атмосфера е уште една потврда за тоа дека училиштето „Братство Единство“ претставува пример за почитување на различностите, како и за успешна примена на мултиетничките интеграции во образованието.
Успешната соработка на ОУ „Братство Единство“ со Извидничкиот Одред „Пионер“ од Охрид ќе продолжи и понатаму, со надеж дека ќе се нижат уште многу вакви успеси во иднина.
м-р Марија Голабоска – одделенски наставник во ОУ „Братство Единство“