Целосна поддршка од Унгарија за влез на Македонија во НАТО Алијансата и Европската Унија

За време на денешната посета на министерот за одбрана Зоран Јолевски на Унгарија, неговиот колега Иштван Шимичко искажа благодарност за напорите кои Македонија ги вложува за успешно справување со мигрантската криза. Министерот Шимичко истакна дека Унгарија дава целосна поддршка и определеност за интеграција на Република Македонија во евроатлантското семејство.

На средбата тие разменија мислења за последните случувања за мигрантската криза, безбедносната состојба во регионот и Европа пошироко, за следниот самит на НАТО што треба да се одржи за два месеци во Варшава, како и за унапредувањето на соработката меѓу двете земји во областа на одбраната.

????????????????????????????????????

Министерот Јолевски истакна дека мигрантската криза со која се соочува Европа е од размери што укажуваат на потребата од координирана и сепофатна стратегија за нејзино надминување. Соработка на сите земји од Европа, вклучувајќи ги тука и тие од Југоисточна Европа е вистинскиот одговор на безбедносните предизвици со кои денес се соочуваат европските земји. Секако дека дел од оваа стратегија треба да биде и Турција, како и останатите соседни земји на Сирија и Ирак. Притоа, неопходно е да се поддржат земјите непосредни соседи на Сирија во нивните напори за обезбедување соодветни услови за мигрантите. Колку поблиску бегалците се до нивните домови, толку е поголема веројатноста тие да се вратат по постигнувањето на мирот во Сирија, истакна министерот Јолевски.

„Македонија докажа дека е сериозен партнер во справувањето со сложените безбедносни предизвици. Како дел од Југоисточна Европа континуирано придонесува за евроатлантската безбедност и стабилност. Во тој контекст, активно придонесуваме во колективните напори за справување со современите предизвици, закани и ризици“ истакна министерот Јолевски.

????????????????????????????????????

Во текот на разговорите министерот Јолевски ги истакна аргументите зошто Република Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО, и изрази благодарност за континуираната поддршка на Унгарија. Од клучно значење е Република Македонија да го добие заслуженото полноправно членство во НАТО алијансата, што е од особено значење не само за Македонија, туку и за безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко.

Министерот Јолевски исто така ја изрази својата благодарност за искажаната поддршка од страна на Унгарија за напорите на Република Македонија за влез во НАТО алијансата, како и помошта укажана за справување со мигрантската криза.

????????????????????????????????????