Светски ден на птиците преселници

Светскиот ден на миграторните (преселните) птици беше инициран во 2006 година и е годишна кампања за подигање на свеста истакнувајќи ја потребата за заштита на миграторните птици и нивните живеалишта. Тоа е заеднички организирано од страна на секретаријатите на Конвенцијата за заштита на миграторните видови диви животни (CMS) и Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA) – два меѓународни договори, спроведени од страна на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) и се поголем број на партнери.

Со слоганот „… и кога небото ќе замре?“, Светскиот ден на птиците преселници 2016 има за цел да го нагласи неверојатниот број на преселни птици кои се губат секоја година како резултат на нелегално убивање, фаќање и трговија. Мотивите зад овие нелегални активности се различни, а бројката е неверојатна – милиони птици се убиени секоја година – броеви кои се целосно неодржливи и кои заедно со другите притисоци како што се губење на живеалиштата и климатските промени, доведуваат до тоа многу од видовите да се исложени на опасност од истребување.

Владите од целиот свет ги спроведуваат националните закони и меѓународните договори за регулирање и во некои случаи се забранува експлоатација на овие животни. Овие закони треба да се почитуваат и да се спроведуваат, или ризикуваме да изгубиме еден скапоцен ресурс кој е дел од нашето заедничко природно наследство.

WebOhrid