Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денес информираше дека и оваа година Министерството за образование и наука продолжува со доделувањето на еднократни парични надоместоци во висина од 30.000 денари, како субвенција за сите научници и истражувачи од високообразовните и научните установи во Македонија, кои ќе аплицираат со труд објавен во меѓународно списание со фактор на влијание.
„Огласот трае до 31 август. Апелирам сите заинтересирани професори и лица што се занимаваат со научно истражувачка дејност и кои имаат вакви трудови да аплицираат до министерството“, рече Ристовски, посочувајќи дека годинава е планирано да бидат поддржани 300 лица со право на научна субвенција и дека досега на конкурсот се поднесени приближно 200 апликации.
Инаку, во изминатите неколку години Министерството за образование и наука додели повеќе од 800 вакви субвенции за поддршка за објавени научно-истражувачки трудови на домашни автори во меѓународни списанија со фактор на влијание, во различни области како природно-математичка, медицинска, хуманистичка, техничко-технолошка, биотехничка и општествена област.