Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, ФЗОМ овозможи сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.
Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.
Заверка на ортопедски помагала 9508
Барање за БПО 866
Извештаии за спреченост при работа 838
Предлог за оцена на привремена спреченост за работа 690
Најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала, која 9508 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.
„Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали истиот е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобвки од електронските услуги.“– велат од ФЗОМ и додаваат:
„Би сакале во оваа прилика да ги охрабриме осигурениците и компаниите и здравствените работници да ги користат електронските услуги на Фондот. За поедноставно и точно информирање кои се потребните чекори и како да се користи електронската услуга, Фондот изготви видео туторијали, кои се краток и едноставен водич како чекор по чекор за начинот како да се користат електронските услуги на Фондот.“– додаваат од ФЗОМ.
Видео туторијалите се објавени на веб страницата на Фондот на следниов линк: http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=03745AB41443004A8EAB9A0105914B95
Или на линкот на Фондот на you tube:
https://www.youtube.com/channel/UCXc5Hr1czS6RKf8-4CDFRVA
Фондот продолжува да работи на остварување на целта, е-Фонд, со цел осигурениците, овластените лица од компаниите, здравствените работници да добиваат ефикасна, навремена и професионална услуга кога истата им е потребна.