Како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид под менторство на професорката Марија Сарафимоска организира настан под мотото „Градиме мостови-рушиме ѕидови“.
Целта на меѓуетничкото интегрирано образование е учениците да се научат на интеракција која им е неопходна за компетентно живеење во едно мултикултурно општество како што е македонското, да се намалат предрасудите, да се почитуваат разликите и да се зголеми соработката со што би се овозможила кооперативна атмосфера.
За таа цел беше изведен рецитал на македонски, турски и албански јазик и беа претставени македонската, турската и египќанската национална кујна.
Учениците и професорите уживаа во изведбата на рециталот и дегустацијата на традиционалната храна.