Екипата на Игокеа, триумфираше на премиерното издание на Меѓународниот кошаркарски турнир за јуниори кој викендов го организираше кошаркарскиот клуб АВ Охрид 2016, во спортската арена „Билјанини Извори“. Второто место го освоија јуниорите на Партизан од Белград, третото место и припадна на Слобода од Тузла, а четвртото на домаќинот АВ Охрид.На турнирот учествуваа и екипите на Работнички и МЗТ од Скопје и Црвена Звезда од Белград.
ЈП Билјанини Извори, во соработка со Општина Охрид и КК АВ Охрид, уште еднаш покажа дека го оправдува приматот на најдобар домаќин на големи спортски настани, со високо ниво на организација За престојниот летен период се најавуваат уште наколку вакви настани.
Спортскиот туризам е една од главните дејности, па затоа во иднина ова претпријатие, ќе се труди да придонесе во развој и промоција на Охрид, на спортски план преку организирање на големи спортски настани.