Средношколци од „Ванчо Питошески“ победници на Државниот кулинарскиот натпревар

Во Скопје се одржа финалето на државниот кулинарски натпревар во подготовка на јадења од квалитетно живинско месо „МОЕ НАЈ МЕСО“.

Тимот од учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид како првопласирана екипа на финалниот натпревар и победник на кулинарскиот натпревар ја доби првата награда:

СТРУЧНО ТУРИСТИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА НА 3 ДЕНА!

Резултати и пласман на екипите:

1 место: Ивана Петкоска, Ивана Николоска и Емилија Јовческа

Пофалница: Дарко Трајкоски, Стефан Новакоски и Ненад Јовановиќ.

Ментор на екипите проф. Блаже Јорданоски.

На натпреварот учествуваа првопласираните и второпласираните натпреварувачки екипи од двата полифинални натпревара во Охрид и Скопје, составени од 3 члена во две категории:

• Категорија ГОТВАЧИ-АМАТЕРИ

• Категорија МЛАДИ ГОТВАЧИ (школски екипи).

Натпреварот претставува дел од активностите за промоција на квалитетно живинско месо со потекло од ЕУ, кој се одвива на пет пазари во ЈИ Европа и е финансиран од ЕУ и Р. Словенија.

Натпреварувачките екипи подготвуваа јадење во количина за 4 лица и го сервираа во 4 чинии за сервирање. Подготвените јадења ги оценуваше комисија според критериумите: вкус и квалитет на подготвеното јадење, креативност и иновативност на подготвеното јадење, естетски изглед и аранжирање на подготвеното јадење и познавање на карактеристиките на живинско месо.