Од полноќ нова цена на нафтените деривати

Од ноќеска на полноќ нова повисока цена на нафтените деривати, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 5,64%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.05.2016 година и со тоа цената на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,419 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.05.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 20,883 ден/кг.