Почнува третиот Mеѓународен младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на третиот по ред Меѓународниот Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“.

Целта на овој Театарски Фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и негуваат вештините на актерството. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно претставува и почеток на културното лето во Охрид.

На овој четиридневен младински театарски фестивал, својот актерски талент, умешност и креативност, низ 4 театарски претстави ќе го прикажат повеќе од 30 талентирани млади актери-аматери од организациите на Црвен крст од Охрид, Крагујевац, Ужице, Суботица, што воедно ќе отвори можност за сплотување на актерите-аматери од градот и соседните држави, соработка, размена на искуства и стекнување нови пријателства.

Третиот Младински Театарски Фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира во Охрид, во периодот од 01 до 04 јуни 2016 година.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 01.06.2016 (среда) во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 20:30 ч. со прикажување на претставата „Фортуна“ под авторство на Маре Ристеска и Весна Терзиоска, а во изведба на театарската група на Црвен крст Охрид.

PlakataCKRM